"Воопшто не ги бројам годините, сѐ додека имам вакви "петлици" во публика, млада сум": Калиопи го прослави роденденот на најдобар можен начин
Македонската поп дива Калиопи, вчеравечер на плоштадот во Крива Паланка го прослави нејзиниот 58-ми роденден. Со нејзините големи хитови заедно со публиката славеше роденден.
Пејачката настапи како дел од новогодишната програма во градот. И покрај минусните температури, во градот кој е украсен како од новогодишните бајки присутните пееја во еден глас со Калиопи.
"Воопшто не ги бројам годините, се додека имам вакви "петлици" во публика, млада сум", рече Калиопи.
Бендот ја изненади Калиопи кога ја запеа "Среќен роденден", како и публиката со нив.
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски на сцена на плоштадот и подари букет цвеќе.
"Кога таткото на градот ќе подари цвеќе, тоа е во име на сите вас", рече Калиопи.
Г.Д.Г
Фото: Бојан Глигоровски