Модните критичари одлучија: Овие 5 модели на џинс од Fashion group ќе бидат ултра тренди во 2025 година

Добивај вести на Viber

Фото насловна: unsplash

Обидете се да додадете нови стилови во вашата гардероба за да бидете во чекор со модата

Фармерките се суштински дел од гардеробата (на секоја жена како и секој маж), и се прилагодуваат на секое време и стил. Во 2025 година, модата на џинс добива нов живот, нагласувајќи ја слободата, самоизразувањето и оригиналноста.

Затоа модните експерти решија да споделат што да очекувате во новата година. Тие се децидни дека во 2025 година има точно пет модели на фармерки кои ќе бидат вистински моден хит. Еве кои:

Џинс со слободен крој

* За повеќе информации кликнете на фотографијата

Омилени на модните трендсетери остануваат широките фармерки. Моделите кои не го ограничуваат движењето се избор број еден.

Комбинирајте ги со кроп топ, предимензионирани џемпери или класични блејзери за избалансиран изглед.

Ваков модел на фармерки може да најдете во продавниците на Fashion group во нивните брендирани продавници во поголемите трговски центри низ земјава, но и на нивната веб страница.  А токму овој модел кој е од брендот DIESEL може да биде ваш за 10.990 денари.

Фармерки со слоевит ефект

* За повеќе информации кликнете на фотографијата

2025 година носи нов тренд: фармерки со украсни парчиња од други ткаенини. Тоа може да бидат џебови, ленти од контрастен материјал или кожни влошки кои додаваат динамика на изгледот. Моделот кој е на фотографијата е од брендот LEVI'S кој е дел од групацијата Fashion group и може да го најдете во продавниците на LEVI'S по цена од 9.290 денари

Висок струк со ефект на поголем ремен

* За повеќе информации кликнете на фотографијата

Се враќаат фармерките со висок струк за истакната фигура. Декоративни врвки или поголем ремен ги прават овие модели идеални за вечерни излегувања и ја истакнуваат женственоста. Овој модел со интересен ремен од брендот GUESS може да биде ваш за 4.753 денари.

„Ragged Chic“ во нова интерпретација


* За повеќе информации кликнете на фотографијата

Искинатите фармерки се враќаат во мода, но со акцент на минимализмот. Лесните исечоци, едвај забележливите гребнатини и уредните процепи ќе станат врв на секојдневниот изглед. Моделот од фотографијата може да го најдете во брендираните продавници на LEVI"S, сега е на попуст од 50 % за 4,045 денари.

Текасас во боја

* За повеќе информации кликнете на фотографијата

Неонско сина, длабоко зелена, бургунди, па дури и жешка розова боја – фармерките во боја стануваат вистински хит во 2025 година. Спојте ги со основните работи во неутрални тонови за стилски, но избалансиран изглед. Моделот на зелени џинси прикажени на фотографијата може да ги најдете во специјализираните преодавници на PARFOIS сега на попуст 30% за 2.093 денари.

Доколку сакате да видите кои други модели на џинс ги има во брендираните продавници на Fashion group посетете ги нивните продавници или со неколку клика прошетајте вирутелно на www.fashiongroup.com.mk 


Р.Ж.М.

ПР објава