Македонската фолк пејачка заврши во болница: На инфузија и има забрана да зборува – „ Јас сум на пауза, посакајте ми среќа “
Македонската фолк пејачка Адријана Ацевска или Адријана Кеш заврши во болница. Пејачката ги загрижи нејзините фанови со фотографија од болница додека прима инфузија.
„Како изгледа совршена жена? Слика има тон нема, ете така јас во наредниот месец. Не ми ѕвонете на телефон, буквално ми забранија да зборувам ама затоа можам да пишувам. Следниот месец продолжуваме каде што застанавме и уште појако, до тогаш... јас сум на пауза. Посакајте ми среќа“, напиша Ацевска во првата објава.
Поради загриженоста на фановите, но и на нејзини блиски, Ацевска даде подетално објаснување зошто е во болница и каква е нејзината здраветвена состојба.
„Инаку оперирав полипи на гласни жици. Не е страшно ќе помине брзо. Ви благодарам на сите за понудената помош. Среќна сум што ве имам и во вакви моменти кога во сите пораки кои ги добив, а има многу стои „во секое време што и да треба, само ѕвони“, сфаќам дека се уште постојат луѓе. А за докторите и сестрите во килиничкиот центар едноставно немам зборови. Ова е она што ми е мото во животот, на сите ви поскаувам да имате се она што не се купува со пари. Ви благодарам од срце“, напиша Ацевска.
Пејачката пред еден ден настапи на фолк фестивалот „Прилеп фест 2024“, каде ја отпеа песната „Две адреси“.
Фото: Инстаграм
РЖМ