Вака се славеше во домот на Гавазова: Сестра ѝ и зетот на Сузана највесели

Добивај вести на Viber

Во домот на Гавазова се славеше дочекот на Новата 2025 година. 

Во друштво на најблиските на пејачката нејзината сестра, зетот, мајка ѝ, сопругот Јасмин, нејзините ќерки Емили и Селена и нејзиниот пријател и стилист за коса Александар, се славеше за Новата година.

Радоста не ја криеше Сузана, па убавите моменти преку фотографии ги сподели со јавноста и нејзините фанови.

За новогодишната ноќ пејачката се одлучила да носи црн горен дел со длабоко деколте, на кој има тул, детаљ кој дава елегантна нота на целиот изглед, додека нејзините ќерки и сестра ѝ се одлучиле да носат сосема спротивно од неа, се облечени во бело.

Сличноста помеѓу Гавазова и сестра ѝ е очигледна, а она кое може да го доловиме преку сликите кои ги сподели пејачката е дека првата ноќ во новата 2025 година била весела и незаборавна за нејзиното семејство.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм