Новак и Јелена испратија порака за Божиќ: Семејно на кратки ракави пред Новогодишната елка

Добивај вести на Viber

Новак и Јелена Ѓоковиќ на сите православни христијани им го честитаа Божиќ.

Новак Ѓоковиќ објави ретки семејни фотографии на Инстаграм и го честиташе православниот Божиќ.

Тој позираше пред елката со сопругата Јелена и нивните деца - Стефан и Тара.

„Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божиќ“, напиша тенисерот на кирилица во описот на објавата. 

Српскиот тенисер моментално се подготвува за 12 јануари кога започнува Австралија опен каде ќе се обиде да ја освои 11-та титула.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenhsoot