Ноне заокружи уште една земја на букет листата: Убавини снимени од воздух - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Антигва и Барбуда —е  островска држава во Средна Америка. Државата е дел од островската група Мали Антили и западно од неа се наоѓа Карипското Море, додека источно е Атлантскиот Океан. Таа е составена од два поголеми острови Антигва и Барбуда и уште неколку други помали островчиња.

Токму таа држава ја имаше честа да ја посети од воздух нашата црвенокоса велешанка Ноне Неделковска.

Ноне преку социјалните мрежи сподели дека заокружила уште една земја на нејзината листа дестинации кои се во план да ги посети.

„Хеликоптерски соништа над убавините на Антигва“ - напиша кратко Ноне, споделувајќи и видео.

Уживајте, и вие во оваа убавина.

View this post on Instagram

A post shared by Nona Nedelkovska (@nona.nedelkovska)


Инаку, вкупната површина на Антигва и Барбуда изнесува 442 км2 и има население од вкупно 85.632 жители. Населението е воглавно мешано од западноафриканциБританци и Португалци. Јужно од државата се наоѓа зависниот островот Гваделуп, југозападно се наоѓа зависната територија Монтсерат, западно се наоѓаат државата Свети Китс и Невис и зависната територија Свети Евстахиј и на северозапад се наоѓаат зависните територии Свети Вартоломеј и Свети Мартин. Службен јазик е англискиот јазик, додека главен град на државата е Сент Џон. Често месното население својата држава ја нарекува со поранешното име Вадади.


ФОТО: Принтскрин видео Ноне официјален профил