Урош Живковиќ се ожени во строга тајност: Сите ја коментираат венчаницата на бремената невеста - ФОТО

Добивај вести на Viber

Пејачот Урош Живковиќ денеска тајно се ожени со својата избраничка Јована со која чека бебе.

Тие денеска направија граѓанска свадбена церемонија во присуство на најблиските роднини, а парот планира голема свадба по раѓањето на синот.

Урош за специјалниот ден избра класичен црн костум, додека Јована блескаше во бел фустан со длабоко деколте, додека околу нејзиниот врат блескаше ланче со симболот на бесконечноста.


По општинската венчавка тие имаа интимна прослава во ресторан со семејството и најблиските пријатели.

Потсетуваме, Урош пред неполни два месеци ја запроси Јована на егзотично патување, а во еден разговор откри и кога ќе направи свадба.


- Радост сигурно ќе има, што се однесува до свадбата ќе видиме, можеби ќе биде годинава, можеби следната година. Сè уште не сме разговарале за тоа. Да почекаме да се породи, се да биде во ред. Сигурно ќе има голема прослава за раѓањето. Што се однесува до свадбата, ќе видиме – изјави неодамна Живковиќ.


ФОТО: Инстаграм