Маестралната Андријана Јаневска го имаше најтешкиот настап во кариерата: Најемотивната изведба на „Ако утре ме нема“ од ДНК - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

„Преубаво и прежално во ист момент“, „Колку боли, колку голема болка“, „Колку скршени срца“, се само дел од коментарите под видето на јутјуб....

Андријана Јаневска со нејзиниот извонреден и уникатен глас го имаше како што вели еден од најтешките настапи во кариерата.



„Ако утре ме нема од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“ - напиша Јаневска на социјалните мрежи објавувајќи видео од настапот, а публиката беше совладана од емоции.




Инаку во саботата во ЦК Битола се одржа седмото издание на концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на наши легендарни музичари, а оваа година беше во чест на Тоше Проески.