Луѓе кои се претставуваат за верници, упатија сериозни навреди и говор на омраза: Тамара Тодевска за хуманитарниот концерт „Пееме за Кочани“
Тамара Тодевска го помести датумот на одржувањето на хуманитарниот концерт „ Пееме за Кочани“. Наместо на 17. Април, тој ќе се одржи на 8. мај од 20:00 часот во МКЦ. Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во дикотеката „ Пулс“ во Кочани и за сите повредени кои се лекуваат во земјава и странство Тамара ги повикува сите свои фанови и луѓе кои ја почитуваат македонската музика да бидат дел од овој концерт:
.-Да, има поместување на датумот, но тоа го направивме и од причина што работиме на целосно нови аранжмани со мојот бенд за сите песни – открива пејачката.
Нејзината искрена намера за хуманитарен концерт, наиде и на коментари со навреди и со говор на омраза, а еве што изјави за Женски магазин:
-Дел од коментарите ги видов, ги слушнав. Малку се изненадив дека луѓе кои се претставуваат за духовни, за верници и слично се обратија со сериозни навреди и говор на омраза кон мене и кон други мои колеги, кои имаме најискрена намера - да организираме хуманитарен концерт, да се донираат средства за погодените од трагедијата. Само би сакала да истакнам дека верувањето во Бога е многу лична и интимна работа, но тоа подразбира и еден целосно нов вредносен систем на личноста, во секојдневното свое однесување и комуникација со околината.
Не си верник ако одиш во црква, но 24/7 лажеш, клеветиш и навредуваш – појаснува Тамара.
Смета дека не треба да се враќа со омраза и напад, особено не во овие моменти. -Зборуваме за промени во системот, но некако забораваме да ја направиме промената во себе. Со мојот тим, мојот бенд решивме, конкретно да помогнеме преку тоа што ни е професија и најдобро го знаеме - музиката. Се откажавме од паушал, надоместоци и заработка, за да овозможиме средства за оние на кои им се најпотребни во овој момент. Мене совеста ми е чиста и Ве повикувам сите да купите карта преку MK Tickets, да донирате на овој начин за Кочани и да дојдете на 8.мај во МКЦ, за сите кои прерано си заминаа од овој свет – заклучува пејачката..
С.А.Н