Пред Водолиите е недела создадена за флерт, Ракот има слаби нерви: Неделен хороскоп од 7 до 13 април

Добивај вести на Viber

ОВЕН
Дефинитивно ќе имате проблеми во деловното опкружување и со соработниците, но исто така сигурно е дека ќе имате повеќе од добра волја да ги решите. Ако се поставите на вистински начин кон партнерот, побрзо ќе ја решите моменталната напнатост.

БИК
Добро сте расположени и ќе ви се допадне атмосферата на работа. Сè е бурно, но вие успевате добро да се снајдете. Можеби ќе ви биде потешко да се договорите со емотивниот партнер околу плановите, вие на едната, тој на другата страна.

БЛИЗНАЦИ
Пред вас се отвора можноста за деловна промена која претпоставените ја најавуваат. Не бидете сигурен во ветувањата. Силна емотивна инспирација, па на вистински начин ќе можете да и покажете на саканата личност колку се грижите за неа.

РАКМожно е да ве нервираат промените кои соработниците се обидуваат да ги направат во зделката. Нема причина за конфликти, направете компромисно решение. Промислени сте и несигурни, сакате да иницирате комуникација со една личност.

ЛАВОва дефинитивно не е вистинсканедела за донесување важни одлуки. Не сте објективни и можете да погрешите. Имате лоша комуникација и недоразбирање со претпоставените. Можеби се сомневате во вашата сакана и не сте сигурни во нивните чувства.

ДЕВИЦАМожни се поголеми непланирани трошоци оваа недела. Не сте задоволни од односот на постарите колеги кон вас. Меѓугенерациски конфликт. Нема да се двоумите да му го покажете своето незадоволство на емотивниот партнер за некои негови постапки.

ВАГА
Оваа недела може да ви биде понудена добра деловна можност. Подготвени сте да се активирате и секој предизвик сега е само поттик за вас. Вака ќе реагирате во емотивниот сегмент каде ве очекуваат пар интересни познанства.

ШКОРПИЈАЌе се активира конкуренцијата и бидете подготвени да слушнете работи што не ви се допаѓаат. Можете да одговорите на ист начин, но тоа нема да ги поправи лошите односи. Имате чувство дека ништо не оди според вашите желби во емотивниот сегмент.

СТРЕЛЕЦСе грижите да ја завршите започнатата работа и подготвени сте да преземете дополнителни обврски. Не се присилувајте, заштедете ја вашата енергија. Имате основи за добра комуникација со саканата личност. Поправете го проблемот.

ЈАРЕЦМногу е сигурно дека можете да постигнете значителен напредок во деловниот сегмент, особено во новите соработки. Имате добар план и се држите до него. Ви се допаѓаат убави допири со личноста за која сте заинтересирани.

ВОДОЛИЈАЌе го забрзате темпото за да ги завршите сите задачи навреме. Погрижете се грешките да не ве вратат на почеток. Уште една добра недела за флертување, но и за комуникација за важни прашања со саканата личност.

РИБИСе прашувате колку можете да им верувате на некои луѓе во овој момент. Во разговор со претпоставениот ќе ги изразите своите сомнежи. Ви се чини дека вашата сакана избегнува некои прашања. Нема да се откажете така лесно за да откриете што ве интересира.

Фото: Freepik.com