ОД МИС НА ЈУГОСЛАВИЈА ДО МИС НА СВЕТОТ: Како изгледала Лидија Велковска во младоста

Добивај вести на Viber

Сега е сопственичка на лиценцата за Мис на Македонија за Мис на светот, а во младоста, и самата беше Мис. Лидија Велковска, на светски избор за убавина има освоено висок пласман.

Во 1975 година, како македонска претставничка се пријавила за изборот за Мис на Југославија и победила. Како официјална Мис , таа ја претставуваше тогашна Југославија на изборот за Мис на светот во Лондон и го освои четвртото место. Архивски црно-бели фотографии од тоа време, се појавија на интернет. 

Лидија, прва од лево со колешките во Лондон, на Мис на светот во 1975 година 

Велковска и сега важи за убава жена.Минатата година оваа година, трет пат по ред, Македонија немаше своја претставничка на светскиот избор за убавина, а за оваа година уште не се знае.  

Подготовка за изборот за Мис во Лондон.- Лидија Велковска со колешките (прва од лево) 


Познато е дека повеќе години по ред, Велковска кубури со обзбедување спонзори за Мис на светот.