Напивка која жените ја нарекуваат ботокс во чаша: Пијте ја навечер, ги раствора мастите додека спиете и го освежува тенот
Не е изненадување што еден пијалок стана вирален речиси преку ноќ, а илјадници жени потврдија дека гледаат забележлива разлика и на лицето и на телото.
Еден пијалок за многу кратко време стана вирален бидејќи голем број жени потврдија дека по редовното консумирање забележале дека тенот им е поубав, а притоа побрзо ослабнале, па многумина го нарекуваат ботокс во чаша.
Магична напивка
Сигурни сме дека знаете оти за убав и свеж тен и спречување на брчки е многу важно што внесувате во вашето тело, не само вашата генетика и рутина за нега на кожата, а често истите фактори влијаат и на виталноста на целото тело.
Затоа и не е чудно што еден пијалок стана вирален речиси преку ноќ, а илјадници жени потврдија дека имаат забележлива разлика и кога станува збор за лицето и кога станува збор за телото.
Состојки:
-2 излупени портокали
-4 до 6 моркови или половина пакување бебешки моркови
-3 см исечен ѓумбир
-1/3 чаша вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во соковник, а потоа процедете ги. Ако немате ладна преса, можете да ја процедите добиената смеса преку газа или чиста памучна крпа.
Се консумира еднаш дневно и идеално пред спиење, за здравите состојки да ја направат својата „магија“. Доколку комбинацијата ви е јака, најдобро е да започнете три пати неделно, па постепено да зголемувате, а во рок од еден месец ќе забележите промена на изгледот на кожата и телото, пишува Wanted.rs.
Зошто го нарекуваат ботокс во чаша?
Многу е едноставно... сите овие состојки се богати со витамин Ц и го стимулираат производството на колаген, за кој е познато дека влијае на убавината на кожата, косата и ноктите.
Научно е докажано дека витаминот Ц ја зголемува синтезата на колагенскиот протеин, кој служи за обновување на оштетената кожа. Кога додаваме витамин Ц од портокал и ѓумбир и витамин Б од морков, добиваме формула која одлично влијае на целокупниот изглед на нашето лице.
ФОТО: Printscreen/TikTok