Пукна бракот на пејачот кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“: „Одлуката не беше лесна“
Поранешниот македонски финалист од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски, по осум години заеднички живот се разведе од сопругата Теодора.
Веста за разводот на пејачот кој ја освои публиката и со гласот и со изгледот изненади многу обожаватели. Александар вели дека одлуката не била лесна.
- Точно е дека решивме да се разведеме и дека секој од нас ќе продолжи со својот живот. Тоа се тешки одлуки и не се носат преку ноќ. Уживав во нашиот брак и на Теодора и ја посакувам сета среќа бидејќи тоа го заслужува - изјавил за „Гранд“, Александар.
Иако многумина шпекулираа за причините за крајот на бракот, Јосифовски посочува дека зад разводот не стои ниту измама, ниту љубомора:
- Се обидовме да исправиме некои работи, едноставно не успеа. Не се работи за љубомора или измама. Благодарен сум и на Теодора што беше со мене во најтешките моменти од мојот живот, и тоа никогаш нема да го заборавам – додава пејачот.
Освен Теодора, голема поддршка на Александар о текот на кариерата му била и неговата мајка Бети, иако таа досега не се појавила во јавноста.
Фото: ФејсбукИзвор: Grand.nova.rs