Рис Витерспун во петтата деценија изгледа како да има 26 години: Актерката тврди дека тајната е во еден ритуал
Рис Витерспун старее, иако не го забележуваме тоа, но таа тврди дека ужива во она што го гледа во огледалото
Рис Витерспун во март оваа година ќе наполни 47 години, но на нејзиното лице не се гледаат тие години. Сепак, актерката вели дека ужива во стареењето и ги сака сите процеси кои ги носат годините.
„Сега знам со кого сакам да поминувам време, а со кого не. Тоа е една од добрите страни на стареењето“, вели Ритерспун, додавајќи дека тоа „расчистува многу простор".
Годините ни носат самодоверба и обезбедуваат знаење и сигурност што на младите често им недостига, потсетува актерката. „Имам став за работите како некој што е на оваа планета 43 години. Не се чувствував вака на 25 години и ги немав истите работи да ги кажам“, рече таа во интервју во 2019-та година.
Сега таа има многу повеќе искуство и може сериозно да зборува за тоа што верува дека ќе го подобри светот.
„Се чувствувам како да ги заработив овие сиви влакна и фини линии. Ми се допаѓаат и повеќе ги сакам овие години од 25.“
Таа ги советуваше жените едноставно да се обидат да бидат најдобрата верзија од себе и да инвестираат во својот дух, како и во својата кожа. За козметиката и убавината научила како дете, додека наутро ја гледала мајка си како се подготвува.
„Тој ритуал на подготовка за нов ден и претставување на најдоброто од себе на светот е голем фактор за самодоверба. Мислам дека на тој начин стекнав љубов кон убавината и грижата", вели Рис.
Имав среќа да бидам опкружена со жени во мојот живот кои го сакаа процесот на стареење, како мајка ми и баба ми“.
Актерката признава дека сега учи за шминката и негата од нејзината 23-годишна ќерка Ава.
„Многу зборуваме за заштита од сонце, така што нанесувањето крема за сончање двапати дневно е многу важен дел од нашата рутина. Она што го правите за вашата кожа во раните 20-ти ќе се покаже подоцна во животот“, вели актерката.
Извпр: stil.kurir.rs