Победничката на Гранд објави фотографија од операциска сала: Славица Ангелова докажа дека е посветена на својата примарна професија
Славица Ангелова победничката на популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, објави фотографија од операциска сала.
Познато е дека пејачката студира медицина, па со оваа фотографија само потврди дека е посветена студентка.
Струмичанката неодамна ја објави нејзината прва песна, насловена „Стакла“, чија промоција ја имаше во емисијата „Гранд Парада“.
Ангелова иако се занимава со музиката, нејзината примарна професија е медицината.
За Женски магазин, на прашањето кои се нејзините идни планови, каде се гледа за 10 години, во музиката или медицината, Славица вели: „Мислам дека 10 години е долг период, оставам на времето... иако ги сакам и двете професии бескрајно...Уште сум млада и можам да се посветам во моментот повеќе на музиката, но секако медицината е онаа што многу го сакам уште од мала. Можеби ќе станам најраспеаната докторка“.
Фото: Инстаграм