Зошто не се вратиш во таа Македонија ако веќе толку ја сакаш: Тијана се огласи на лошите коментари за Тамара

Тијана Дапчевиќ конечно реши да им одговори на „хејтерите“ кои со денови ја малтретираа со најразлични прашања. Имено, пејачката која минатата недела беше најгласна навивачка на Евровизија, за својата сестра Тамара, се огласи на социјалните медиуми со опширен статус, под видео каде по 15 години свири на виолончело, и ја свири токму евровизиската „Proud“.

„ Тијана , зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија???“, „Не пишувај така , подобро остани во Србија?“, „ Зошто не се вратиш во таа Македонија ако веќе толку ја сакаш?“, „Дијаспората не издаде…“

Е сега јас вас нешто да ве прашам : Дали вие ја слушнавте таа песна? М? Дали навистина ја слушнавте или само онака ја претрчавте? Или не ни умеете повеќе да слушате , ни себе, ни некој друг.

А сега да одговорам на вашите прашања:

„Proud“ е она кога твојата сестра на 6 години гледа Евровизија и вели ” И јас ќе пеам тука”, иако нема поим ни кој е самата таа во моментот , а не пак што е Евровизија.

„Proud“ е кога со месеци сите сме како на игли додека се избира песна, фустан, настап и додека се исчистат сите добри намери од лоши идеи, за да на крајот се добие настап од кој времето застанува.

„Proud“ е кога таа ќе дојде на сцена,а јас имам впечаток дека дошло се. И како да никој пред неа не бил тука.

„Proud“ е кога камерата ќе прикаже полн кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако неколку секунди пред тоа не можев да дишам од трема.

„Proud“ е кога после настапот почнуваат да стигнуваат овации од сите страни, позиви, пораки, солзи, смеење, навивање.

„Proud“ е кога знаеш дека секогаш имаш на кој да се потпреш.

„Proud“ е кога по 15 години го земам виолончелото и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, бидејќи сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара, целиот свој народ (а тој е на многу места ширум розевите линии на атласот) и на сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа.

А овие дигитални (не)луѓе ,нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и сѐ одеднаш ќе има поубава смисла. “


Тамара пак со воодушевување, по ваквиот говор напиша:

„Мојата сестра. Мојата гордост. Мојата поддршка. Моето сѐ. Фала ти што веруваше во мене. Фала ти што ме научи на бидам горда на себеси.“