(ФОТО) Бурна реакција: Тијана, Вук и Хана се најгласните навивачи за Тамара

Добивај вести на Viber

Тијана Дапчевиќ вчеравечер беше една од најгласните навивачки за Македонија на Евровизија. 

Иако многумина очекуваа дека токму Дапчевиќ ќе биде првиот избор на Тодевска кога се во прашање вокалите кои ќе ја придружуваат на сцена, нејзината сестра остана во Белград да ја чува Хана.


- Тие се мојата Евровизија. И во четврток( а богами и во сабота на финале), сите сме заедно со мама, сестра и тетка, пред телевизисор сите сме #PROUD- напиша пејачката пред неколку дена, под објавената фотографија на Инстаграм.

Всушност таа го предвиде долгопосакуваниот влез во финале, и кога ја прочитаа Македонија како прва земја учесничка која влегува во финале, на среќата и немаше крај.

Бурната реакција на Тијана може да ја погледнете ТУКА

- Тијана е една од најважните личности во мојот живот и без нејзината љубов и поддршка јас не би била тоа што сум сега- раскажа Тодевска пред заминувањето во Тел Авив.