Џони Деп има нова девојка? По бурниот развод, сега се бакнува со 3 децении помлада манекенка
Актерот се разведе од Амбер Херд и после тоа го криеше
приватниот живот
Џони Деп е во врска со козметичарката и манекенка Jулија Власова, која ја запозна пред три години на филмскиот фестивал во Карлови Вари, пишува Daily Mail.
Според сведочењето на странски извори, тие почнале да се гледаат уште тогаш, а првпат биле видени заедно на настан во 2022 година, кога присуствувале на концертот на Џеф Бек во Прага.
Јулија поради многубројните шпекулации на социјалните мрежи беше прашана и за врската со актерот, а таа само кратко одговори:
„Џони Деп...тој е човек кој е неверојатно талентиран и инспиративен“, напиша таа тогаш.
Инаку, Jулија во последно време се повеќе е во Велика Британија, каде Деп работи на своите нови проекти.
Да потсетиме, љубовниот живот на актерот го одбележа скандалозниот развод од Амбер Херд, од која формално се раздели, по двегодишен напорен процес. Двајцата потоа се обвинија за насилство, а сите светски медиуми ги пренесоа овие рочишта.
Процесот заврши со одлука во корист на актерот.