Актуелно // Insta вести
Јелена кајче веслаше: Српската пејачка воодушевена од убавините на Охрид – „Каков прекрасен ден“
- 03 Септември, 2024
Српската пејачка Јелена Томашевиќ воодушевена од убавините на Охрид, објави неколку фотографии од преубавиот Св. Наум.
„Каков прекрасен ден на Охридско езеро, во манастирот Св. Наум, уживање во природа и веслање за крај на денот“, напиша Јелена.
Пејачката имала уникатно доживување, веслала во охридско кајче на изворите на Свети Наум.
Судејќи според фотографиите пејачката е воодушевена и задоволна од она што го видела во Охрид.
Нејзиниот повод за посетата на македонскиот бисер е фестивалот со традиција Охрид фест, каде песната „Јутро“ ја доби наградата за „Песна на сите времиња.
„Следната година ќе има полни 20 години откако песната „Јутро“ е снимена и откако се всели во моето и вашите срца“, напиша пејачката во објавата.
Фото: ИнстаграмРЖМ