Сестрата на Игор Џамбазов, сликани заедно со братот: Ѝ посвети стих со длабоко значење- „Плови слатка сестро, плови преку морето“

Добивај вести на Viber

Кога ќе се почувствувате осамени, само сети се дека имате брат или сестра кои се секогаш тука за вас, без разлика на сè.

Чувство на носталгија и наплив на емоции го натераа актерот, шоумен и текстописец Игор Џамбазов да објави заедничка фотографија со неговата сестра Татјана која не живее во Македонија.

Ретки се нивните заеднички моменти, но квалитетни.

Од време на време Игор знае да објави фотографија со Татјана, па и да напише по некој емотивен момент кој и го посветува.

Овој пат тоа е рефрен од една класика на „Квин“ – „Sail Away Sweet Sister“.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

„Плови слатка сестро, плови преку морето, можеби ќе најдеш некој, да те сакаа половина од мене“, напиша Џамбазов.

Очигледно е дека му недостасува неговата сестра, која последен пат беше во Македонија, кога почина маестро Александар Џамбазов во 2022 година.

Фото: Инстаграм
РЖМ