Ја нападнаа и навредуваа - мораше да се откаже: Победниците на Евровизија наместо неа ја претставуваа Украина во Торино

Оркестарот Калуш го освои второто место на националниот натпревар

Пејачката Алина Паш првенствено беше избрана за украинска претставничка на Евровизија 2022 во Торино, но таа се повлече од натпреварот откако помина низ темелно истражување дали го посетила Крим, кој во 2015-та година беше окупиран од Русија.

Паш беше избрана да ја претставува Украина на натпреварот со песната „Shadows of Foreign Ancestors".

После тоа, украинската телевизија UA: PBC, избра нова песна, а станува збор за песната „Стефанија“, во изведба на оркестарот Калуш.

View this post on Instagram

A post shared by Alina Pash (@alinapash)


Значи Оркестарот Калуш беше втор на украинскиот избор за Евровизија. Иако публиката им даде максимален број поени, жирито само ги стави на третото место. Песната „Стефанија“ комбинира традиционално пеење и инструменти со модерен рап, а е посветена на мајките.

Пејачот на оваа група Олех Псиук се воодушевил кога ја слушнал оваа вест.

- Благодарни сме на сите што не поддржаа во финалето и ни дадоа место на евровизиската сцена. На секој човек од Украина му ветуваме дека ќе ја оправдаме оваа одлука. Во овие тешки моменти за нашата земја, на сите ќе им покажеме кои сме. Подготвени сме да ѝ ја претставиме Украина на цела Европа – изјави тогаш Псиук за официјалните евровизиски канали.

View this post on Instagram

A post shared by Alina Pash (@alinapash)


Споменатата група го освои второто место, односно беа веднаш зад Алина Пош.

 - Јас сум државјанин на Украина, ги следам законите на Украина и се трудам да ја покажам светата традиција и вредностите на Украина. Како се разви оваа приказна, воопшто не е она за што се работи во мојата песна. Јас сум уметник, а не политичар. Немам армија од ПР луѓе, менаџери и адвокати за да можам да се спортивставам на сите овие напади и притисоци, но и закани – напиша таа по победата.

- Не сакам да учествувам во оваа виртуелна војна и омраза. Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат – истакна тогаш таа.

Ваквата ситуација настана кога во јавноста протече информација дека веќе споменатата Алина го посетила Крим во 2015-та година, а на социјалните мрежи се појавија закани кон неа. Ѝ рекле дека е непријател на Украина.


 Русија ја презеде контролата врз полуостровот во 2014-та година, а патувањето во областа - иако не се препорачува за Украинците - можеше да се постигне само преку официјални контролни пунктови во Украина.

View this post on Instagram

A post shared by Alina Pash (@alinapash)


Паш доставила официјална документација со која докажува дека таа не влегла на Крим преку Русија, што според украинските закони е нелегално, а властите се обиделе да ја проверат со граничните службеници.


Извор: glossy.espreso.co.rs