Сопругот ја изневерувал додека таа била на операција за мозокот: Шенон Доерти по неверството разговарала со љубовницата

Добивај вести на Viber

Шенон Доерти се разведе од нејзиниот сопруг Курт Ишваренко во април минатата година поради напорната битка со туморот. Нивниот брак траел единаесет години, а таа останала без поддршка во најлошиот момент, кога болеста се вратила и го зафатила мозокот и коските.

Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“ решила да ги стави сите карти на маса во нејзиниот подкаст „Let's Be Clear With Shannen Doherty“. Актерката (52) во првата епизода размислуваше за една многу предизвикувачка година, а се осврна и на колапсот на нејзиниот брак. Шенон, исто така, откри дека болеста напредувала и дека се бори со туморот во четвртата фаза, додека го финализираше и нејзиниот развод.

„Оваа 2023 година поднесов барање за развод. Имав операција на мозокот “, објасни таа потоа дека оваа операција е „најстрашното искуство низ кое морала да помине во нејзиниот живот“. Бев сигурна дека ќе умрам, а најдоброто сценарио во мојата глава беше дека ако не умрам, нема да можам да одам или да зборувам“.

Не само што мораше да помине низ ова страшно искуство, туку токму во тоа време Доерти дозна за аферата што ја има нејзиниот тогашен сопруг. „Отидов во болница на операција откако дознав дека мојот брак е буквално завршен, дека мојот сопруг има афера две години“, ја сподели таа суровата вистина, „Тој беше многу јасен дека сака да оди со мене, но не можев да одам на операција додека тој беше тука, се чувствував толку изневерена на крајот на денот, се чувствував толку несакана од некој со кој бев четиринаесет години, некој што го сакав со целото мое срце “, беше искрена актерката.

Доерти и Ишваренко се венчаа во 2011 година, а таа објасни дека станала опседната да дознае што се случило со неговата тајна врска. „Толку години поминувате заедно и изневерувате? Зарем таа личност не ја заслужува целата вистина? се запрашала, пренесува Е.Т. Таа откри и дека некое време размислувала дали после се да стави крај на бракот.

„Не отидов веднаш. Не можев. Зедов стероиди и многу работи по операцијата, бидејќи не сакаа да ми отече мозокот". Признала и дека разговарала со љубовницата на бившиот сопруг.

„Се чувствувам преплашено што не можам да го одржам бракот, но морам да признаам дека и покрај проблемите што ги имавме, ова не зависи од мене“, изјавила актерката која покрај овој зад себе има уште два брака.

„Сè уште верувам во љубов“, заклучила тогаш Шенон.

Познатата холивудска актерка Шенон Доерти почина во саботата на 13 јули на 53-годишна возраст по долга борба со ракот. Тажната вест ја потврди Лесли Слоун, нејзиниот портпарол за американскиот магазин „Пипл“.

„Шенон Доерти беше посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, а таа почина опкружена со своите најблиски, вклучувајќи го и нејзиното куче Боуви. Семејството во овој момент бара приватност за да можат да тагуваат на мир“, додал Слоун.

Речиси децениската битка на Шенон Доерти со ракот на дојката

Да потсетиме, на ѕвездата од култните серии „Чари“ и „Беверли Хилс 90210“ првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Актерката успеа да се справи со оваа состојба, а болеста отиде во ремисија, но беше краткотрајна - веќе во 2017 година, ракот се врати.

„Дефинитивно имам денови кога велам: „А зошто јас? И тогаш си велам: „А зошто не јас? Кој друг? Никој не го залсужува ова“.

„Мојот рак е повторно тука, за неколку дена или недели ќе видите дали сум во четврт стадиум. Мислам дека сè уште не сум го прифатила. Тоа е горчливо апче за голтање на многу начини“, низ солзи изјави актерката во 2020 година во емисијата „Добро утро Америка“.

Таа три години криела од јавноста дека повторно има рак, од 2017 до 2020 година.

Извор:Мondo.rs