Утринско кафе со Анита Мицова: За среќа, немам монотон живот

За среќа, немам монотон живот, па така секојдневието не ми е исто. Кога сум дома во Охрид,  со сопругот и пријателите сме некаде надвор на кафе, на некое мирно место, а кога сум во Италија не може денот да започне без капучино и кроасан во некој локал покрај море.

Моите дневни планови и обврски зависат од периодот во годината. Во лето сум во Италија, обврските со работа се секојдневни, бидеќи настапувам секоја вечер во одредени локали и ресторани. Другиот дел од годината најчесто обврските се околу ќерка ми, да ја испратам на училиште, да ја пречекам, и нормално ако имам настапи, а ги имам, да се подготвам и да тргнам на пат.

Секојдневно ме мотивира Охридското Езеро, моите најблиски, пролетта, зеленилото, сонцето... Повеќе сум љубител на филмови, отколку на книги.

Со оглед на тоа дека веќе еве осум години сум во брак, значи најчесто сум со Марко (уште ми е чудно „сопругот"), без разлика дали сум на настап, дали сме излегле со пријатели или пак низ дома,  вечерта ја минуваме заедно. 


(Анита Мицова- македонска пејачка)