Утринско кафе со Ива Кацарска: После операцијата водам исклучиво здрав и смирен живот и се радувам на секој нов ден и секоја нова можност

Сметам дека секој човек би требало да го почне денот сам и во потполн мир бидејки мирот е многу важен за нашето здравје. А  доколку го почнувате денот со мојот утрински ритуал којшто ќе го споделам подолу ке имате многу повеќе енергија и без потреба за попладневна дремка!
Моето утро почнува во мир и тишина со 30 минутна утринска медитација, потоа го припремам моето омилено кафе со бадемово млеко и си правам чај од брусница или цеден лимон со млака вода. 

 Секојдневно ме мотивира моето минато. Пред една година бев оперирана од Морбус Крон (автоимуно заболување на тенкото црево).
Операцијата помина во најдобар ред и јас бев пресреќна поради тоа! Додека го пишувам ова се сетив на една стара поговорка: „Здравиот човек има милион желби, а болниот само една - Да биде здрав“ - Така се свестив колку многу е важно здравјето во нашиот живот.
После операцијата водам исклучиво здрав и смирен живот и се радувам на секој нов ден и секоја нова можност. Амбициозна сум и секој еден ден го посветувам на учење што повеќе нови работи. Моите најголеми интереси се мода, патување, учење на нови јазици, повремено учествувам и на престижни натпревари за убавина каде што ја претставувам нашата држава Македонија. Моментално учам Дигитален Маркетинг, се занимавам со издавање апартмани на Airbnb и Booking.com заедно со мојата сестра Искра. 

Најголемата мотивација е реализирација на голем ланец на рентални апартмани низ цела Македонија и да посетам што повеќе држави и континенти работејки на својот животен сон!

Секој нов ден носи нови обврски, се што би требало да го реализирам во еден ден го запишувам во мојот годишен планер една вечер однапред (го препорачувам на сите луѓе што сакаат за извршат што повеќе обврски, а притоа да не заборават на истите).
Кога завршувам со мојата утринска рутина продолжувам со блага и природна шминка (no make up make up) потоа го бирам дневниот аутфит и подготвена сум за да ги извршам моите дневни планови и обврски. Како што веќе напоменав секојдневно се менуваат истите па главни моментални обврски на коишто се фокусирам се:
-Подготвување на апартманите секогаш да се чисти и спремни за нови гости.
-Дочекување на гостите (сега веќе имаме посетители во апартманите и од подалечни места па предложуваме и дочек на аеродром со возило кое што ги носи директно до апартманите. (олеснително за секој странец којшто прв пат ја посетува нашата држава).  

Секогаш вечерите се различни и морам да признаам дека не сум љубител на останување до доцни вечерни часови. Веќе кога ќе дојде 22:30 часот мене ми се приспива. Но секако излегувам и со пријателките на освежителен пијалок, во вакви топли денови на сите ни треба по некоја ладна лимонада или го шетам кученцето трудејќи се да направам минимум 10.000 чекори дневно.  

Доколку сум имала доста напорен и исполнет ден помеѓу книга или филм, би избрала некоја убава книга-моментално ја читам по втор пат  „The Secret” – Rhonda Byrne. А знаеме и да се собереме заедно со семејството и да се смееме цела вечер.

Како што напоменав не сум голем љубител на ноќниот живот па така и не можам да се пофалам дека правам многу интересни активности во текот на вечерта. (се смее) 

Сакам да се заблагодарам за дадената можност да споделам како го поминувам својот ден. Верувам дека сите имаме премногу обврски и тешко е да се води најздрав живот во вакво брзо време, но почнувајќи од минимални промени во навиките се постигнуваат најголеми резултати!
Само посакај и се‘ е остварливо.


*Ива Кацарска - макененка и Miss Media 2022*