Утринско кафе со Сатја Грабулоски: Би освоил медал за пиење кафе

Доколку постои Светско првенство во пиење кафе, верувам дека би бил меѓунаградените. Секое утро, без исклучок, ми започнува со она што луѓето во моето опкружување го нарекуваат – „Леѓенот“. Се работи за пивска кригла од половина литар во која го подготвувам утринското кафе. Тоа е доволна доза да поминам низ утринските часови бирократија и тековни обврски поврзани со SWithADot. Претпочитам утринското кафе да го испијам сам, како би се „наштимал“во точна интонација за продуктивен ден.


Лесно е да си мотивиран кога работиш нешто што сакаш. Предизвици има, посебно во ситуации кога соработуваме со светски брендови како Nike, adidas,Vans,Converse. Но, верувајте, ништо полесно не е ниту рачното составување на нашите S. обувки, вклучувајќи создавање дизајни кои ќе се доволно авангардни, а „јасни“, за луѓето да прифатат да ги носат. Сепак се работи за работа која е толку специфична, што честопати самиот себеси се прашувам за совет, бидејќи искуството воcustomizing-отна обувки, во светски рамки, е доста ограничено.


Дневните планови, за жал, се помалку се сведуваат на 10/12 часовно цртање на патики, а повеќе на менаџмент и развој на S. Се трудам да бидеме согласно светските практики, па дизајните, сезонски да ги подготвуваме 6/9 месеци однапред. Но, тоа е речиси невозможно, бидејќи во ова што го правиме, посебно како пионери во Европа во custom-изирањена фудбалски/ракометни/кошаркарски патики, честопати клиентите сакаат да добијат квалитетен резултат, за навистина кратко време. Замислете, помеѓу едно четврт и полуфинале на светско првенство, има 2 дена. Се случувало да треба да се подготват, custom-изираат, исушат, заштитат и испратат патики во овој рок. Па и да се „изгазат“еден тренинг пред мечот од спортистот. Значи да, динамично е и никогаш во студиото не ни е досадно, и не – не сме апстрактни уметници кои не гледаат на часовник и календар. 


Во деновите кога работниот ден ми завршува во некое пристојно време, без ноќни „од денес за утре“дизајн сеанси, ги проверувам репертоарите на театрите. Го сакам театарот, и сум дете израснато во скопските гледалишта. Планот Б е кино. Планот Ц, ако вечерта е Скопска, е моето Дебар Маало. Сето тоа со оние, моите, луѓе. За жал го немам тој луксуз да можам често ова да си го дозволам. Најчесто денот завршува „работно“– тимски рекапитулар и распоред, набавки на материјали, комуникација со клиенти во различни временски зони. И конечно, следејќи новости од светскиот шоу и спортски бизнис. Да си дизајнер на обувки, наложува да си постојано буден. Некогаш, нешто што се случило ноќта е инспирација за дизајнот утредента.