Утринско кафе со Споа Димитар: Ме мотивираат секојдневно успешно завршени хируршки интервенции

Поради начинот на живот и работните обврски, денот ми започнува околу 6:30 часот. Наутро сите сме раздвижени се спремаме за на работа, а децата за на училиште. Поради тоа првото утринско кафе го пијам на работа со своите колеги на утринскиот состанок. Тогаш почнува организација за претстојниот работен ден и тековните обврски. 

Најголема мотивација за мене е задоволен пациент. Ме мотивираат секојдневно успешно завршени хируршки интервенции. Тоа е најголема сатисфакција за еден доктор хирург. Ме мотивираат љубовта, кариерата, семејството особено моите ќерки Ивона и Теа кои се мојата радост и гордост. 

Денот ми е однапред планиран и ретко можам да излезам од онаа рамка, бидејки распоредот на прегледи и хируршки интервенции се прави неколку дена па и недели порано. По завршување на работните обврски, истите продолжуваат сосема во друга насока, а тоа се семјните обврски кои ги организираме заедно со сопругата. 

Во зависност од тоа колку ми бил напорен денот, тоа влијае на енергијата и расположението. Понекогаш се релаксирам со долги прошетки, понекогаш со вежбање во теретана или ручек со позитивни луѓе, моите пријатели. Вечерта ја поминувам во кругот на моите најблиски, моето семејство. 

Книгата ти остава повеќе простор за фантазија и е збогатена со детали, нешто што им фали на филмовите, но сепак добра филмска екипа знае да направи од просечна книга, одличен филм. Повеќе сакам да изгледам добар филм и вообичаено тоа е трилер или научна фантастика каде што главни елемнти се исчекување, тензија и возбуда впрочем како и во мојата професија и живот.


*Д-р Споа Димитар, ортопедски хирург