Мики Секуловски како комита, Андријана Петрушовска со старото знаме на фустанот: Кандидатите со македонски песни се пласираа во полуфиналето од „Ѕвездите на Гранд“
Иако таа за време на дуелот освои помалку бодови од својата противкандидатка и се влезе во таканаречениот дел од емисијата „бараж“, уметничкиот директор на Гранд, Саша Поповиќ одлучи сите кандидати кои се пласираа во „бараж“ да бидат дел од полуфиналето на Гранд.
Андријана Петрушовска имаше впечатлив изглед, a ја изведе македонската изворна песна „Јовано Јованке“. Таа беше облечена во црвен кус фустан, на кој имаше наметка со старото знаме на државата.
„Горда сум што можам на македонски јазик и во македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за македонската традиција безвременските песни од кои при првиот такт заигрува македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!“, напиша Андријана на Инстаграм.
Вториот кандидат пак велешанецот Мики Секуловски, на сцената на Гранд се појави како вистински комита, што се совпаѓаше со изборот на песната. Мики ги доби сите можни гласа од жирито и се пласираше директно во полуфиналето. Негов избор на песна беше „Ја излези Ѓурѓо“.
Фото: Инстаграм