Научничка почина на 29 години од рак на срцето: Ќе ја памтиме по откривањето на овој лек, а еве кој симптом ја најавил непобедливата болест

Научничката Кирсти Смитен почина на 29-годишна возраст од рак на срцето. Таа создаде нова класа на антитела и ќе остане запаметена по тоа откритие. Таа почина на четврти октомври. Лекарите ѝ рекле во февруари дека ѝ остануваат само уште неколку месеци живот.

„Кирсти се бореше до самиот крај, но ова беше толку агресивен рак што не можеше да го победи. Постојано велеше дека мора да издржи што е можно подолго, нејзиниот брат Ден се жени во ноември, а Мет и јас очекуваме бебе во февруари. Таа ќе беше најубавата тетка. Срцето ни е скршено сите“, изјавила снаата Суки Смитен.

Научничката Кирсти Смитен била многу активна, секој ден играла хокеј и фудбал, а потоа една ноќ се разбудила со силни болки во градите. По три месеци тестирање, ѝ бил дијагностициран срцев ангиосарком - тумор на срцето.

Овој тип на тумор повторно расте, обично се шири или пука, што предизвикува откажување на срцето. Кирсти знаела дека нејзината болест е фатална, но не ја изгубила надежта, се трудела да најде лек.

Оваа биохемичарка, која докторираше по хемија и во 2020 година се најде на престижната листа на магазинот Форбс „30 под 30“ за наука и здравствена заштита, продолжи да работи на своето истражување, борбата против отпорноста на антимикробните лекови, дури и за време на нејзиното заболување.

Кирсти Смитен разви две антибиотски соединенија за лекување на бактериски инфекции, вклучувајќи пневмонија и менингитис, како и инфекции кои се развиваат во раните и по операцијата.

Нејзиното семејство сака нејзините откритија и она што го започнала да продолжи во иднина како и да ја подигне свеста за болеста од која починала, пишува Дејли Мејл.


Foto: socijalni mrezi / screenshot