Рајот во Македонија е на Попова Шапка: Посебно во зима и се вика Лешница
Ја нарекуваат круна на Шар Планина. Како на Алпите, уште поубаво!!!
Лешница e долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат, на околу 17 километри северозападно од Попова Шапка. Оваа мала долина се протега на простор од околу 1.000 хектари и е распространета помеѓу клисурите на: Пена, Лешничка Река, Кривошијска Река и Скакалска Река. Фантазија, како на филм. Неверојатна, недопрена, исконска, наша, како во бајка...
Се дели на Долна Лешница сместена на надморска височина од 1.450 метри и Горна Лешница извишена на 2.221 метар надморска височина. Што значи гради полни чист воздух. Во зима целосно е прекиена со снег, релативно е достапна и нуди спокој како никаде на друго место.
Дивина, пространа ледина, водопад, густа шума, реки, бачило, мирис на борови... Со еден збор, делириум.
Фауната во овој локалитет и пошироко е разновидна и се состои од повеќе видови крупен и ситен дивеч: кафеава мечка, дива коза, дива свиња, срна, како и разни видови верверици, волухарици (пухови), зајаци и други глодачи. Исто така застапени се повеќе видови водоземци и риби како и разни видови змии, поскок, шарка и др. Од птиците се застапени орелот, јастребот, ветрушката, бувот, гавранот, свраката, златовраната и разни помали видови шумски птици.
Големиот број бачила и близината на повеќе населени места нудат услови во иднина на Шар Планина да се развие еден нов вид алтернативен туризам.
Секој викенд е создаден да одите да уживте таму, а посебно кога има снег. Ви треба топла облека и пропратни работи за планинарење. И нема да ве чини многу. Всушност, многу малку. Денски ќе уживате во рајот со кој располага, а вечерта мирно ќе спиете. Ако сте авантуристи, ова е идеално место. Кој пробал, знае!
Фото: Youtube/ Printscreen