Животна училница // Приказни
Ретро забава во духот на 80-тите: Туна Сејдиу на уникатен начин го прослави 36-от роденден (ФОТО)
Пејачката Туна Сејдиу на уникатен начин го прослави својот 36-ти роденден. На своите пријатели им даде задача да се појават во облека која ќе потсетува на 80-тите години од минатиот век, а таа се потруди останатиот дел - декорациите, тортата, музиката да бидат во тој дух.
Стилистот Даниел Николовски, фотографот Мартин Трајановски, пејачката Аделина Тахири и многу други ги покажаа своите модни комбинации од тој период.
„Роденденска кралица, млада и слатка и само 16-годишна“ - покрај фотографиите од роденденската забава напиша пејачката.
Сигурни сме дека само фотографиите се доволни за да се вратите во времето и да посакате и вие да организирате една ваква ретро забава.
фото: Принтскрин / Инстаграм