Настани,
Настани
Започна реализирањето на серија бесплатни обуки за општините и граѓанското општество
Првата од серијата обуки кои ќе бидат одржани во периодот од 23 ноември до 7 декември е во тек. Претставници од локалните власти и граѓанското општество се во Битола за обуката „Алатки за локална демократија“, која се одржува во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.
Во престојниот период ќе се одржат четири бесплатни дводневни обуки за вкупно 120 претставници од локалните власти и граѓанското општество. На обуките учесниците ќе учат за корисни алатки за локална демократија, буџетирање и транспарентност на локални финансии, финансирање на граѓанските организации од буџетот на локалните власти и раководење со проектен циклус и ЕУ фондови.
Официјалното отворање на обуките се одржа денес во Битола, каде се обратија градоначалникот на општина Новаци, г. Љубе Кузмановски и г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Франција на Р. Македонија. За време на обуката се одржа и информативна сесија за доделување грантови на мали организации во рамки на проектот.
Серијата обуки се одржува во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015. Обуките беа поддржани од децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија.
Проектот се реализира од страна на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници од Велес и Европското Движење.