Здравје // Рецепти
Не ги фрлајте кога се презрели: Најдобриот рецепт за леб од банана доаѓа од кујната на Марија Вељковиќ
Марија Вељковиќ знае колку треба да биде практична жена која има три деца. Мајката на Ѓурѓа, Роза и Нева постојано смислува нови рецепти за да ги задоволи своите малечки, а учи и како да ја користи целата храна во домот за да не ја фрли.
Водителката сподели со своите следбеници како најдобро да ги искористи презрелите банани, па покажа рецепт за леб од банана.
Состојки:
- 2 банани
- Јајце
- 80 мл масло
- цимет
- 100 гр сусам
- 10 лажици брашно
Измешајте ги сите состојки, па смесата ставете ја во плех на хартија за печење.
Уште една банана оди одозгора. Печете на 180 степени 20 минути и имате прекрасен и крцкав леб од банана.
Извор: gloria.rs