Еве ме без шминка, а кога ќе се средам се претворам во фатална убавица: „Одбивам да верувам дека ова е иста личност“

Добивај вести на Viber

Украинката Валерија Воронина стана сензација на социјалните мрежи и сето тоа благодарение на неверојатните трансформации кои ги постигнува само благодарение на добрата шминка и фризура.

Нејзините снимки достигнуваат милиони прегледи - некои дури и околу 50 милиони, се затоа што разликата пред и после шминкањето е драстична.

Валерија со шминка изгледа практично совршено - со видно сини очи, полни усни и мал прекрасно обликуван нос, додека во опуштено издание остава малку поинаков впечаток.

Иако е очигледно дека оваа млада дама намерно го карикатурира својот лик и фаќа лоши агли кога се фотографира без шминка, а разликата е поголема, сепак е очигледно дека таа постои.


Веруваме дека покрај шминката и вештите раце на фризерите, улога во нејзините трансформации играат и филтрите и доброто осветлување, но невозможно е да не се забележи дека навистина има раскошен талент за шминкање. 

Коментарите на публиката, како и секогаш, се поделени - некои искрено се восхитуваат на нејзините вештини, додека други нејзините трансформации ги нарекуваат „измама“ и „најголемата лага на Интернет“. „Одбивам да верувам дека се работи за истата личност“, „Треба да се забранат ваквите измами“, „Имам трауми од толку голема разлика“, „Ова не е фер кон никого“, „Жено, буквално го лажеш цел свет“, се само дел од грубите коментари.


Фото и Видео: ТикТок