Сите ќе бараат репете: Највкусниот посен колач од јагоди без шеќер

Добивај вести на Viber

Фото: Facebook / danijelapantić

Совршен за сите кои сакаат слатки закуски кои се посни и здрави

Една од најпознатите српски водителки Данијела Пантиќ со години не консумира храна од животинско потекло, па сите јадења што ги подготвува ги модифицирала за да бидат вкусни, вегански и здрави.

Еден од нив е секако колачот со јагоди без трошка шеќер, кој се прави брзо и лесно, а е толку вкусен што секогаш барате репете. Ова е рецептот на убавата водителка, а на вас останува да го пробате.

Состојки:

2 чаши овесни снегулки

2 чаши растително млеко

чаша свежи урми


100 гр стопено веганско темно чоколадо

лажица кокосово масло

2 лажици путер од лешник

лажица рогач

1-2 чаши кокосови снегулки

½ стапче ванила

на врвот на нож хималајска сол


Подготовка:

Излупете ги урмите и потопете ги во вода 30 минути. Сомелете ги овесните снегулки во блендер за храна и ставете ги во сад. Урмите се ставаат во блендерот и се мелат минута-две, па се додаваат останатите состојки, освен овесните снегулки и млекото.

Кратко изблендирајте и полека додајте ги млекото и овесните снегулки додека не се добие тврда смеса. Ако смесата е премногу тенка, додадете кокосови снегулки, ако е густа додадете уште растително млеко.

Тортата истурете ја во калап обложен со хартија за печење и оставете го да отстои два часа во фрижидер. Кога ќе се стегне, исечете го на парчиња. Пред сервирање, додадете свежи или замрзнати бобинки: јагоди, малини, рибизли или брусница.


Извор: глоси.рс

*пр-објава