За сопругата тврди дека е најубавата белграѓанка, а погледнете го него кога ќе се соблече: Милан Калиниќ не пропушта тренинг

Добивај вести на Viber

Милан Калиниќ не пропушта тренинг

Милан Калиниќ влегува во шестата деценија од животот, а од неговиот изглед ретко кој би рекол дека е на таа возраст.

Тоа е резултат на напорна работа и голема жртва

Милан редовно тренира, а сега ја покажа формата до која стигна за само четири недели.

- Ова е формата по само четири недели режим и тренинзи, постигната на 52 години. Решив наскоро да ги споделам со вас сите тајни на исхраната и тренинзите од гледна точка на рекреативец, родител и човек со многу обврски - напиша Милан со фотографија на која го покажува неговото извајано тело и додаде:

- Ако можам јас, секој може - заклучи Милан кој доби бројни комплименти за својот изглед.

Милан и Сандра оваа година ја прославија 17-годишнината од бракот и имаат две деца, ќерката Теа и синот Вук. Водителот и актер се гордее со својата сопруга, и со тоа колку таа изгледа посебно.

На Инстаграм се појавија фотографии од Сандра Калиниќ во костим за капење кои докажаа дека ретко кој може да ѝ застане на патот.

- Ми се допаѓа кога изгледа убаво и кога другите ја гледаат. Секако дека би ми пречело некој да се обиде да ја премине границата на добри манири, но што има лошо ако реагира културно на убава жена, како што, на крајот на краиштата, реагирам и јас самиот. Тоа го сфаќам како комплимент.  Мојата сопруга има четириесет години, заедно сме речиси дваесет години, а таа е, жаргонски речено, „топ риба“, изјави неодамна водителот и додаде дека е импресиониран што сите ја гледаат Сандра.

- Сандра е една од најженствените, „дамски“, најзгодните белграѓанки. Каде и да се појавиме, таа е или најубава или меѓу трите најатрактивни.

Тоа може само да импресионира вистински маж, кој е сигурен во себе, а пред сѐ оној кој ја сака својата сопруга – гордо изјави Милан, кој сега покажа како изгледале пред неколку години, а како изгледаат денес.

Ниту водителот, ниту неговата сопруга со годините не се сменија, што не е чудно бидејќи се знае колку се грижат за својот изглед.


Извор: story.rs