МАСЕВСКИ ОД ГРУЗИЈА ПОРАЧУВА: Никаде не грешиме, таква ни е среќата

Добивај вести на Viber

Македонската претставничка Мина Блажев (14) со композицијата Dancing through life заврши на 12–то место на детскиот „Евросонг“ кој вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија. И покрај солидното претставување, по пребројувањето на гласовите нашата земја повторно заврши во вториот дел на табелата. Го контактиравме Александар Масевски, авторот и продуцентот на рефренот со кој се натпреварувавме. Тој втора година по ред е присутен на ова шоу, откако лани Мартија Станојковиќ со темата Love will lead our way, исто така негово дело, заврши на истата позиција на детскиот „Евросонг“ во Валета, Малта. - Никаде не грешиме. Имавме одличен настап и песна, сè беше на висина на задачата. Таква ни е среќата. Расположението кај македонската делегација е нормално. Нема разочарувања. Мина добро се држи. Имавме настап и песна на кои можеме да бидеме горди – ни изјави Масевски од Грузија. Пред да отпатува Мина во интервју за „Женски Магазин“ ни изјави дека би била пресреќна да се најде меѓу најдобрите три, но дека нема некои очекувања. - Одам достојно да ја претставам Македонија, да запознаам деца од различни држави, да видам до каде се моите врсници со пеењето и да стекнам едно ново и огромно искуство – порача таа. Македонија освои скромни 69 бода. Освен жири-комисија, за пласманот на изведувачите одлучуваа и гледачите кои имаа можност неколку дена да гласат онлајн за најмногу пет држави. Првпат во историјата на шоуто тие можеа да доделуваат поени и за сопствената земја. Победник на 15 издание на детскиот „Евросонг“ е 14-годишната Полина Богусевич од Русија со композицијата Wings (Крилја). Вицешампион е домаќинот Грузија, а Австралија заврши на третото место. Послаб резултат од Македонија остварија само четири држави – Албанија, Португалија, Ирска и Кипар кој заврши на дното на табелата. [caption id="attachment_6675" align="aligncenter" width="640"] Полина Богусевич од Русија, годинашната победничка на детскиот „Евросонг“[/caption] Следната година изборот ќе се одржи во Белорусија. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов