12.700 маратонци и 69.612 единици Пелистерка на Скопски Маратон
Најпродаваната македонска вода, Пелистерка, и годинава ќе биде официјален пијалок на Wizz Air Скопски Маратон. Организаторите, водата на рута ја поделија на 10 водени станици. На истите, волонтерите на Скопски маратон, ќе им понудат освежување на тркачите кои што годинава се во рекорден број, односно 12.700 учесници. Со зголемувањето на бројот на тркачите се зголемува и потребата за вода. Па така, за годинешниот Скопски Маратон, Пелистерка ќе обезбеди повеќе од 69.000 единици вода, 8 транспортни возила и 20 вработени со чија помош и ангажман, водата ќе се дистрибуира на потребните локации.
„Работењето за Скопски маратон е повеќе задоволство отколку вистински ангажман. Годинава е отежната логистиката поради доаѓањето на Папата и изборите кои што се во тек. Но и покрај сите потешкотии тимот на Пелистерка задолжен за дистрибуција, ќе вложи максимални напори во сабота сабајле, маратонската рута да биде во знакот на Пелистерка“ – изјави Весна Прентоска, директорка на дистрибуцијата на Пелистерка.
Низ годините наназад, Пелистерка традиционално, е вода која што учесниците на Скопски Маратон ја конзумираат во текот на трката. Годинава немаше дилема дека повторно ќе застанеме рамо до рамо со останатите генерални спонзори на овој важен настан за македонската метропола.
„Скопски Маратон низ годините прерасна во вистински спортски спектакл. Не знам дали има друг ваков настан во кој што важно е да се победи но исто толку важно е да се забавуваат и учесниците но и посетителите, или навивачите. Секоја година бројката на тркачите е се поголема. Вистински предизвик е да се организира ваков настан и од аспект на логистика но и од аспект на финансии. Апелирам македонските компании да се одважат и веќе следната година, Скопски Маратон да се најде во нивниот календар на настан вреден за спонзорирање. Скопје заслужува да се најде на светска мапа, кога станува збор за маратонско трчање“ – вели Тања Панделеска, Претседател на Скопски Маратон.
Освен што ќе ги обезбеди потребните количини вода, компанијата Пелистерка и годинава има свои претставници и на рутата за трчање. Повеќе од 30 вработени во нашата компанија, ќе застанат на стартот на трката за 5 километри и полумаратонската трка.