АКТЕРКАТА СТОЈАНОВСКА ОСЛОБОДЕНА ОД ТУЖБА ЗА ШВЕРЦ НА КОКАИН, ќе бара надомест за нарушен углед

Актерката Силвија Стојановска денеска доби ослободителна пресуда. По првичното судење во кое Стојановска доби 3,6 години затвор, сега на барање на Апелација, Кривичниот суд донесе осолободителна пресуда за телото за кое ја товареа, шверц на кокаин. 

Адвокатот на Стојановска, Димитар Савовски за медиумите потенцираше дека со оваа одлука правдата е задоволена и посочи дека обвинителство немало докази дека актерката е виновна за производство, дистрибуција и организирање мрежа на продавачи и посредници за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија.

- Такви докази обвинителството не приложило и наместо 3,6 години затвор како во претходната пресуда, актерката денеска од судечкиот совет доби ослободителна пресуда на повтореното судење - посочува адвокатот и додава дека несреќата во овој случај е врската со нејзиниот бивш брачен другар и за жал, тврди тој, таа брачна врска била единствен аргумент на обвинителството кое не успеало да го докаже кривичното дело и обвинението. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Youtube - screenshoot