Бадијала била забраната да ѝ се приближува и малтретира, пак ја фатил и ја искршил од ќотек: Нов случај на семејно насилство на маж врз жена

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна заедница и со која имаат две малолетни деца. Додека оштетената заедно со една  колешка се враќале од работа, осомничениот ги пресретнал, почнал да ѝ упатува вербални закани на оштетената, да ја турка и да ја удира по лицето. Потоа продолжил да ја удира по телото, ја фатил со рацете за вратот и ѝ ги свиткал рацете со што ѝ нанел телесни повреди – набиеници.


Детали читајте на Фактор тука.