Бојана Скендеровски: Си кратам од гардеробата за да купам поскапа козметика

Добивај вести на Viber

Шарматната водителка и пејачка Бојана Скендеровски секогаш привлекува внимание со својот изглед. Како автор и водител на емисијата „Улица Македонија“, а и додека беше активна на домашната естрада,  Бојана посветуваше многу внимание на својата нега и убавина. Таа е во осмиот месец од бременоста и мајка на Искра која има една ипол година. Бојана ни ги откри нејзините трикови за убавина. 

„За мене постои филозофијата дека по 35. година имате лице какво што заслужувате, тоа значи дека сѐ зависи од тоа како го негувате. Користам квалитетни препарати, зошто за мене е секогаш попаметно да скратам на некое парче гардероба, а да купам поскапо козметичко средство за лице. Ја користам колекцијата на Еуцерин и Есте Лаудер“, ни изјави водителката.

„Најчесто ги прикривам трагите од умор, ако Искра била расположена за авантури предходната ноќ, хаха. Се трудам да користам минимално шминка преку ден“, додаде Бојана. 

За одржувањето на линијата, таа вели: „Моментално не ја одржувам, зошто сум во шестиот месец од бременоста, но кога внимавам тоа е Хроно исхраната, која е ултимативен начин за слабеење и одржување“.