Цеца и Богдан ставија крај на врската по една година: „Ќе бидеме пријатели до крајот на животот“

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решиле да стават точка на емотивната врска, по една година врска, дознава и пишува српски „Блиц“.

Иако се изгледаше идилично и дека Цеца си најаде партнер „доживотно“, некои работи се промениле а нивната љубов не опстана.

Имено, кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска. Оваа врска започна непосредно пред веста да стигне до медиумите, но поради честите заеднички појавувања со пријателите низ градот, станала забележлива и брзо им станала позната на претставниците на седмата сила.

View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)



Светлана и Богдан во изминатиот период поминуваа многу време заедно, а одредени моменти од својата љубовна приказна ги покажуваа и на социјалните мрежи.

- Имаше впечаток за севкупната хармонија, како и семејните блиски односи на двете страни. Тоа е причината зошто оваа информација е изненадувачка и на оваа точка е ставен крај.

Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случило, но единствено што сакале, како што пишува Блиц е да ги потврдат овие наводи:

- Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.

Раскинувањето не било бурно, ниту пак трето лице имало меѓу нив, но двете страни сфатиле дека емоциите исчезнале.


Фото: Инстаграм