Чисти домови бесплатно: Катарина е кралица на чистењето, овoјпат ѝ помогна на самохрана мајка (ВИДЕО)

Хуманоста на прво место - Катарина средува домови до непрепознатливост и вели: Јас не се плашам од прашината, прашината се плаши од мене! 

Аури Катарина е девојка која чисти куќи бесплатно, помагајќи им на луѓе од ранливи категории и луѓе кои се борат со депресија и тешки животни околности. Таа ужива правејќи го тоа. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а како што самата кажува и како што може да се забележи на видеата, станува збор за домови кои не се чистени со месеци, дури и години.

 Овој пат таа ѝ помогна на самохрана мајка со две деца. 
Како кај сите така и кај оваа самохрана мајка, Катарина средила се' од таванот до подот. Подовите не се гледаа од играчки и ѓубре. Но, за кратко време оваа жена-змеј исчисти се'.


Аури Катарина, која себеси се нарекува кралица на чистењето, секојдневно објавува видеа на кои чисти расфрлани, извалкани и преполни со ѓубре куќи и станови.


Убавината е што тоа го прави бесплатно, кога ќе дознае дека некому навистина му е потребна помош, а најчесто се работи за луѓе кои поради здравствени причини не можат да се грижат за хигиената на куќата.


Освен што сите ѝ честитаат за хуманоста на оваа девојка, коментарите се дека  всушност треба да ѝ се даде медал.


фото:инстаграм