Даниела сакала потемен тен, па завршила на респиратор: Препарат од интернет ѝ направил дупка на задникот

Многу жени копнеат по тен, особено во летните месеци, и се подготвени да подлежат на различни третмани за да го постигнат...

Една од тие жени е Даниела Тревартен. Со намера да постигне исончан летен изглед, 26-годишната девојка решила да проба инекции за сончање.

Меѓутоа, неколку дена по употребата на оваа инекција, Даниела забележала дека и останала дупка на задникот.

Даниела првпат користела производи за заштита од сонце пред пет години. Инјекциите за сончање ја затемнуваат кожата со реплицирање на хормон кој го стимулира производството на меланин во кожата и се нелегални во Обединетото Кралство.


Оваа девојка го натерала своето тогашно момче да и вбризга средство за потемнување, но една недела подоцна, на нејзиниот задник се појавил апсцес од 3 сантиметри. Нејзиното дишење станало неправилно, а лекарите и препишале антибиотици и лекови против болки.

Но, апсцесот потрајал и таа го доживеала првиот од петте напади во локалниот здравствен дом, по што итно била префрлена во болница. Следните три недели ги поминала во болница на респиратор и на крајот ослабела значително поради постојаното гадење. Таа останала со лузна на задникот.

- Не можам доволно да нагласам колку е опасно да се купуваат работи на Интернет, особено кога не добивате упатства за употреба со нив. Бев толку исплашена тогаш. Мило ми е што сум излечена и подобро сум. Се сеќавам дека ми се гадеше речиси веднаш по употребата, но мислев дека тоа е веројатно нормално. Поминаа неколку дена и не можев да седам на левата страна на задникот. Беше болно, црвено и бев страшно иритирана - изјавила таа за „NeedToKnow“ . 

Даниела е пуштена дома по 3 недели во болница. Оттогаш до денес таа целосно закрепнала, а лузната и понатаму е таму како потсетник на научената лекција.


Foto: Facebook printscreen/Danielle Trevarthen


Кога била мала мајка ѝ ѝ го уништила лицето: „Сакаше да ми ги отстрани вошките, ама сѐ тргна по зло“