Девет близнаци зачнати по природен пат слават прв роденден: Имале околу 500 грама при раѓањето, сега изгледаат неверојатно

Деветорката зачнати по природен пат денеска го слават првиот роденден: Имале околу 500 грама и еден килограм при раѓањето, сега изгледаат неверојатно

Единствената деветорка на светот денеска, 5 мај, ќе наполнат една година, а првиот роденден го слават „совршено здрави“.

„Сега сите лазат. Некои од нив можат дури и да одат ако се држат до нешто“, изјавил за Би-Би-Си нивниот татко Абделкадер Арби, офицер во армијата на Мали. Тој додаде дека неговата сопруга и мајка на девет деца Халим Кисе (26) е добро.

„Не е лесно, но одлично е. Дури и ако понекогаш е тешко, кога ќе ги погледнеме сите бебиња дека се здрави, чувствуваме олеснување. Па забораваме на се друго“, истакна тој.


Инаку, деветорката и Халима се‘ уште се во Мароко, а моментално живеат во клиниката каде што се породила за да бидат добро згрижени. А Арби неодамна се приклучи на семејството, за прв пат по шест месеци, заедно со неговата постара ќерка Соуд (3).

„Пресреќен сум што повторно сум заедно со целото семејство“, кратко прокоментирал и рекол дека ќе направат мала роденденска забава во болницата.

Инаку, овие бебиња го срушија Гинисовиот рекорд кога станува збор за најголем број родени деца при едно раѓање, а сите преживеале.

Да потсетиме, владата на Мали ја префрли г-ѓа Кисе во Мароко минатата година непосредно пред пред таа да се породи, за да добие соодветна нега.

Деветорката, пет девојчиња и четири момчиња се родени во 30-та недела, а кога се родиле биле тешки меѓу 500 грама и еден килограм.

„Секој има различни карактери. Некои се тивки, додека други прават повеќе врева и многу плачат. Некои сакаат постојано да ги носиме во раце. Сите се многу различни, што е сосема нормално", заклучил среќниот татко, додавајќи дека сите во Мали едвај чекаат бебињата даги  видат со свои очи.


Фото: Профимедиа/Фејсбук