(ФОТО) Оаза на мир и удобност: Софија Милошевиќ покажа дел од луксузниот дом во Шпанија

Софија Милошевиќ открива како изгледа дел од нејзиниот дом во Шпанија.

Софија Милошевиќ, која живее во хармонична заедница со успешниот фудбалер Лука Јовиќ, преку фотографии на „Инстаграм“ открива како изгледа нивниот луксузен дом во Мадрид.

Селфито со Алексеј привлече големо внимание, но многумина преку нејзините фотографии го забележуваат и прекрасниот дом во кој таа ужива со семејството. 

Ова е бањата, која е многу едноставно и елегантно украсена.

Оаза на мир и удобност

Сè е стилизирано со вкус, а деталите со кои е опремен домот се внимателно избрани.

Кафените бои со допир на бело и крем даваат елегантен изглед, а се забележува и минимализам, кој е популарен во средување на ентериерот со години.

Прекрасната манекенка позираше покрај скалите кои водат од големата дневна соба до вториот кат од нивната гламурозна вила. Скалилото е осветлено со топла жолта светлина што совршено одговара на белата боја на големиот преграден ѕид лоциран странично.

Ја покажа и новогодишната елка за која напиша дека била многу возбудена, бидејќи ќе биде прва за Алексеј.

ГАЛЕРИЈА:
фотографии:instagram.sofijamilo