Моден фокус // Стил Профил
(ФОТО) Викторија Бекам е божица на суптилниот сексапил: Новата колекција пролет/лето 2020
Последната колекција на британската миленичка Викторија Бекам е повторно одлична, а се разликува од останатите по неколку ставки
Во сите модели се задржува нејзината препознатлива естетика, сведеноста на формата е пристуна, а и истата палета на бои.
Неутралната крем нијанса и згаснати бои се носители на колекцијата, но силно зелената и виолетова подеднакво се истакнуваат во деталите на моделите.
Длабоко сечени деколтиња, исечоци на фустаните и здолништата- носат еден суптилен сексапил кој е препознатлив за брендот на Викторија Бекам.
Инаку креаторката лансира и свој бренд за убавина на модната недела во Лондон.