Го нахрани гладното детенце: Кога му стигна сметката следуваше емотивен шок

Оваа трогателна приказна ни доаѓа од Индија, од хотелот Сабрина во градот Малапурам

Акилеш Кумар седел покрај прозорецот на споменатиот хотел и ручал, а додека ја јадел својата скапа храна, видел слабо и гладно момче како стои на улицата. Акилеш му дал сигнал на момчето да дојде во ресторанот. По неколку минути, момчето влегло во ресторанот заедно со неговата сестра, која ја држел за рака.

Тој ги прашал што би сакаат да јадат, а тие срамежливо покажале кон неговата чинија и рекле дека сакаат да јадат исто како него. Кога завршиле со јадење, Кумар го повикал келнерот да му ја донесе сметката да плати.

Но, кога келнерот ја донел сметката, Кумар останал без зборови кога видел што пишува на сметката. Имало една голема нула, а под тоа неа било напишано: „Нема каса што може да наплати толку многу човештво. Ви посакуваме се‘ најдобро “.

Многу трогателен гест што покажува дека има хумани луѓе на овој свет.


Фото: pixabay

Можеби ќе ве интересира:

Докторите им забранија да бидат заедно: Најтрогателна љубовна приказна до последен здив!