Имам 82 години и се омажив за 46 годишен презгоден Египќанец: Ми ги сече ноктите на нозете, а сега не сум го видела 4 недели и еве што сфатив

Ајрис Џонс Мухамеди, 82-годишна баба од Велика Британија, се најде во центарот на вниманието на локалната јавност во 2020 година, кога се омажи за 46-годишниот Египќанец Мухамед Мухамеди. Оттогаш, оваа Британка на Фејсбук редовно објавува заеднички фотографии со својот згоден, млад сопруг, но и долги изјави за љубов.

„Љубов е кога знаеш дека изгледаш ужасно после цел ден средување на куќата и градината, без трошка шминка и во домашно издание. По еден месец отсуство, ќе го пречекам мојот прекрасен сопруг токму таква каква што сум, бидејќи тоа е љубов. Добредојде дома Мухамед. Ми недостасуваше минатиот месец и ме натера да сфатам колку непроценлив дијамант си за мене. Ќе ти бидам уште поблагодарна во иднина“, напиша Ајрис на социјалните мрежи.

Имено, таа и нејзиниот 36-години помлад сопруг поминале неколку недели разделени, бидејќи Мухамед морал да оди во Каиро да го посети својот болен татко.

Да потсетиме, парот налетал еден на друг на Фејсбук, а по интензивна комуникација Ајрис заминала во Египет за лично да го запознае својот избраник. По враќањето на Ајрис во ОК, парот бил принуден да чека една година пред повторно да се сретнат додека Мухамед чекал да добие британска виза. Оваа баба признала дека се плашела да не умре пред повторно да го види.


Сепак, приказната завршила среќно, а Ајрис го дочекала својот Египќанец на старомоден начин - со шолја чај.

„Не славевме, сега сме заедно и доволно е прослава. Само испивме шолја чај заедно. Мухамед е среќен, но во моментов не сака да зборува премногу за тоа. Тој е еден од оние резервирани Египќани“, рече таа еднаш.

Ајрис во неколку наврати зборуваше за медиумите за својата неконвенционална врска, па дури и призна дека Мухамед сака да и ги сече ноктите на нозете.

„Можеби изгледа чудно да имаш жена која е 20 години постара од мајка ти, но тоа е љубов. Таа те прави слеп. Кога ќе се заљубиш, не е важно колку години има жената или како изгледа“, изјави за Дејли Мејл во 2020 година.

Мухамед одговараше и на новинарските прашања за првата брачна ноќ: 

„Беше прекрасно и долго го чекавме тој момент. Не сакам да навлегувам во детали бидејќи во Египет не зборуваме за такви работи. Но, беше многу страсно и се чувствував посебно додека покрај мене беше прекрасна душа. Не ме интересира нејзиниот изглед, туку она што е внатре. Таа има одличен ум и срце кое силно сака“.

Тереза има 85 години, осум деца, 20 внуци и 25 годишно момче за кое наскоро ќе се мажи: „Знам дека може да ми биде баба, се надевам нема да умре пред мене“