Јелена Спенџарска само со ќебе на себе: Ми покажа без кој и без што можам да живеам (ФОТО)

Водителката Јелена Спенџарска на својот профил на Инстаграм честиташе Нова година, покриена само со ќебе, и држејќи чаша со пијалак во раката.

Таа сумираше каква ѝ била изминатата година, и што посакуваа за оваа 2022-ра.

„ Оваа беше година во која можеби не добив баш се што си посакав, но добив многу од тоа и бев благодарна на се што веќе имам!

- Ми покажа без кој и без што можам да живеам!

-Ми даде прилики да ја запознаам најкршливата, но и најсилната верзија од Јелена!

-Ми даде можност да се радувам на уште една внука! И на живо и здраво семејство 

-Ми даде пасош, куфер и многу негативни тестови со кои стапнав на дестинации од соништата !

-Ми даде тоооолку многу нови ангажмани, работа со прекрасни луѓе од кои многу научив за себе и за оваа работа.

- Решено станбено прашање

-Ослободување од сите стравови!
(Која слобода е тоа,еј )

- Совршено здравје и уште поголема грижа за себе, И ФИЗИЧКИ И МЕНТАЛНО!

Листата е долга, а целите за следната се веќе запишани. Овој живот е само мој и се што сакам во него е да бидам СРЕЌНА!!!!

Ви посакувам на сите многу убава и весела година, многу оптимистични ставови, здравје и многу повеќе љубов....
Да, нека ни биде 2022 година на љубовта 
Ве сакам и СРЕЌНА НОВА “