Како е возможно да изгледа вака добро на 75 години: Славната актерка плени со својот изглед

Познатата актерка не престанува да ги крши сите предрасуди и ги радува своите фанови преку социјалните мрежи. Таа е апсолутно совршена и вистински доказ дека годините ништо не ѝ можат.

Имено актерката Сузан Лучи на 23-ти декември наполни 75 години и може да се пофали со беспрекорен изглед. Икона е во се што прави, а не е исклучок и нејзиното последно видео на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Susan Lucci (official) (@therealsusanlucci)


Таа позираше на балконот во едноделен костим за капење и ги покажа затегнатите раце и нозе, а со тоа ги маѓепса своите фанови кои исто така коментираа.

„Верувам дека си новата Бети Вајт. Воопшто не старееш", „Изгледаш одлично за твоите години", „Имаш 75 години? Нема шанси", беа само дел од коментарите.

Сузан се труди да ја одржи линијата со напорни вежби, па нејзината фигура не е случајност бидејќи таа редовно вежба шест дена во неделата.

„Секогаш имам еден слободен ден, но моето тело всушност копнее за вежбање и затоа тренирам“, изјави таа претходно за Women's Health.

View this post on Instagram

A post shared by Susan Lucci (official) (@therealsusanlucci)


Таа сака пилатес, па тренира на специјално столче кое ги таргетира стомачните мускули, бутовите и задникот. Прави десет различни движења дневно, а секое го повторува од 30 до 100 пати.

Покрај тоа, се храни здраво, па во една прилика за „Харперс Базар“ открила дека сака да го започне денот со шолја кафе со органски шеќер и полномасно млеко, а потоа да оди директно на тренинг.

После тоа сака да јаде нешто што ќе ја наполни со енергија, како грчки јогурт со органски семки од тиква и боровинки, јајца или палачинки со боровинки.

View this post on Instagram

A post shared by Susan Lucci (official) (@therealsusanlucci)


Сузан обично јаде сендвич со мисирка, авокадо, сол и бибер и маслиново масло, а вечерата ја дели со нејзиниот сопруг, готвачот Хелмут Хубер. Најчесто за вечера има лесни салати, лосос и брокула, како и моркови на пареа. 


Извор: zena.blic.rs